Хабиб за првпат се огласи: Се молам за татко ми, пола семејство ми лежи во болница поради Ковид-19

За првпат откако неговиот татко е хоспитализиран поради срцеви проблеми предизвикани од коронавирусот, во јавноста се огласи и Хабиб Нурмагомедов соопштувајќи дека се уште е во критична состојба.

Абдулманап минатата недела итно беше хоспитализиран во Москва по што заврши во кома. Пред неколку денови се разбуди од кома, но се уште е критично.

„Повеќе од 20 луѓе од моето семејство се заразени од коронавирусот. Ми починаа голем број познаници, а голем број членови од моето семејство се во болница. Ужасно тешко е да се носите со сето ова. Мојот татко беше на операција на срцето, а сега заврши со коронавирус. Уште е во критична состојба и мораше да биде подложен и на втора операција на срцето. Секој ден се молам на Бога да ми се врати“ – напиша Хабиб на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Се вчитува...