Вардар почна со засилување и на бековските позиции, откако „црвено-црните“ постигнаа начелен договор за во своите редови да го донесат португалскиот репрезентативец Мигел Мартинс Соареш. Потрагата по наследник на Сташ Скубе заврши во Португалија, каде тренерот Алушовски го „пикираше“ 22-годишниот Соареш како идеално засилување за „вардарци“. Раководството на „црвено-црните“ ги договори речиси сите детали од договорот, па се очекува овој среден бек да биде големо засилување за македонскиот првак во наредната сезона.
Иако настапува како среден бек и ги организира нападите на тимот, Соареш има исклучителни шутерски способности. Тој е висок 192 сантиметри, а со атмосферата во „Јане Сандански“ се запозна на ланското гостување со Порто, на кое постигна четири погодоци.
Тој беше стандарден и во таборот на португалската репрезентација на ЕП 2020, на кое неговиот национален тим беше најпријатно изненадување. Соареш постигна 19 гола и имаше 25 асистенции на осумте средби на Португалија на овој шампионат.
Само за потсетување, Вардар во своите редови ги задржа Ристовски, Мишевски, Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Дисингер и Калараш, а пред Соареш беше договорен и трансферот на францускиот голман Кантегрел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

