Георгина Родригез повторно ги „запали“ социјалните мрежи со селфи-фотографија, овојпат заедно со Кристијано Роналдо. Убавицата повторно е во секси-издание, овојпат во улога на фризерка на фудбалската суперѕвезда, откако Роналдо реши со променет имиџ да се појави во тренинг-центарот на Јувентус по завршувањето на задолжителниот карантин.
Плетенките во неговата коса се беспрекорно направени, но на фотографијата речиси и да се незабележливи, крај сексипилината Георгина.
„Уживам да се грижам за своите сакани. Овој модел беше многу мирен“, порача Георгина крај фотографијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА