За двете најголеми навивачки групи во Србија, „Делиите“ и „Гробарите“ очигледно не е пречка ни периодот без натпревари, ниту пак коронавирусот, за да се најдат во меѓусебни физички пресметки.
Покрај бројните нивни судири за време на големите дерби натпревари, се судрија и деновиве во пограничниот град во БиХ, Вишеград, поради графит.
Додека „Гробарите“ цртале графит на еден ѕид во Вишеград, „Делиите“ одлучиле сето тоа да го спречат. Па, најпрво вербалниот конфликт се преточил и во физичка пресметка поради што морало да интервенира и полицијата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА