Фудбалските прволигаши заедно со ФФМ денеска ги разгледуваат безбедносните протоколи за евентуално враќање на фудбалската игра во нашава земја.
На нов состанок меѓу клубовите и ФФМ, денеска протоколот за начинот на кој би требало да се одигруваат натпреварите е презентиран и од епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.
По анализата на протоколите се очекува клубовите да ја донесат финалната препорака до ФФМ дали сезоната 2019/2020 ќе продолжи или првенствата ќе бидат прекинати. Конечната одлука ФФМ треба да ја донесе до понеделник (25. мај) кога е крајниот рок да биде информирана и УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА