Фудбалот во Франција беше суспендиран поради пандемијата од коронавирусот, а од Француската фудбалска федерација одлучија да ја прекинат сезоната, како не би ризикувале ширење на опасниот вирус.
ПСЖ повторно беше крунисан за шампион, а исто така беше одлучено во Лига 2 да заминат Амиен и Тулуз. Веднаш по оваа одлука голем дел од клубовите се одлучија да ја тужат Лига 1. Тимовите бараа да се понушти одлуката околу испаѓањето, а следната сезона лигата да се прошири на 22 клуба.
Меѓутоа францускиот суд ја одби одлуката, со што останува Амиен и Тулуз следната сезона да настапуваат во понизок ранг.
За потсетување сезоната беше прекината на 10 кола до крајот. Покрај шампионот ПСЖ во Лигата на шампионите ќе играат Марсеј и Рен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА