Фудбалската пауза заврши, од викенд на викенд се повеќе се зголемува и понудата за обложување, а сите со нетрпение ги очекуваме и продолженијата на Премиер-лигата, шпанската Ла Лига и италијанската Серија А.
Во меѓувреме, ова се нашите предлози за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Фрајбург – Вердер 1
Фрајбург е едно од најпријатните изненадувања во Бундес-лигата, овој тим не само што е далеку од битката за опстанок, туку се бори и за излез во фудбалска Европа. Во минатото коло ремизираше 1-1 на тешкото гостување против Лајпциг и се наоѓа на само два бода од Волфсбург во трката за последното место кое води во ЛЕ.
Дуелот со Вердер е одлична можност за освојување на нови три бода, ако се земе во предвид очајната форма на гостите од Бремен. Вердер е претпоследен на табелата со само 18 бода и најслаба одбрана во Бундес-лигата (59 примени гола), а по фијаското на домашен терен против Баер Леверкузен (1-4) тимот од Бремен забрзано се движи кон втората лига. На последните шест овосезонски гостувања Вердер има само една победа и едно реми, притоа примајќи 14 гола.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Борусија М. – Баер Л. ГГ 3+
Волфсбург – Борусија Д. ГГ 4+
Теплице – Либерец Х2 и 2+
Сандхаузен – Регенсбург 1Х и 2+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА