Емотивно збогум од Роналдо за Џиџи Симони

Поранешниот тренер на Интер, Лацио, Наполи, Луиџи Џиџи Симоне почина на 82-годишна возраст откако пред една година му беше дијагностицирана тешка болест.

Симони во 30-годишната тренерска кариера водеше повеќе од 15 италијански клубови, а беше на чело и на софиска ЦСКА. Емотивно збогум за италијанскиот стратег испрати и Бразилецот Роналдо кој соработуваше со Симони во Интер.

„Џиџи Симони за мене не беше само тренер. Кога ќе се сетам денес го доживувам како мудар и добар човек кој играчите никогаш не ги тераше да работат нешто кое не го сакаат. Беше учител. Оваа слика е фотографирана на Божиќ. Тој беше диригент, а ние бевме оркестарот“ – вели Роналдо и дополнува:

„Таков беше, таков и го паметам. Со насмевка, мирен глас, секогаш подготвен да подели некој совет. Можевме и моравме повеќе да освоиме, но освоивме заедно и тоа е она на кое не учеше. Ти благодарам шефе, ме научи на нешта за кои мислев дека никогаш нема да ми бидат потребни во животот. А, ете сега дојдоа моменти во мојот живот во кои навистина ми требаат“.

Се вчитува...