Манчестер Сити ќе го замени Давид Силва со играч на Норич

Давид Силва ја игра последната сезона во Манчестер Сити каде е веќе цела деценија и се најавува негово заминување во МЛС – лигата на САД или пак враќање во Валенсија. „Граѓаните“ се чини дека ја пронајдоа неговата замена, а раководството ќе се обиде да ја доведе новата аквизиција веќе во летниот преоден рок.

Се работи за фудбалерот за врска на Норич, Еми Буендија. Тој статистички е еден од најдобрите асистенти во Премиер – лигата, веднаш зад Паскал Грос од Брајтон и Кевин де Бруин кој наскоро би можел да му биде соиграч. Аргентинецот Буендија бележи 3,1 асистенција по меч, додавање кое на соиграчот му отвора директна позиција за шут кон противнилкиот гол. Оваа анализа секако ја има Пеп Гвардиола кој посакува да го доведе на „Итихад“.

Негова најголема маана е слабата реализација на шансите, оваа сезона нема постигнато ниту еден гол, но, сепак, Манчестер Сити е многу поофанзивен тим и сигурно дека многу ќе се подобри и во овој сегмент. „Граѓаните“ се подготвени да платат 40 милиони фунти за ангажман на Еми Буендија.

 

Се вчитува...