Тренерот на Барселона, Кике Сетиен призна дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез одлично би се вклопил во неговиот тим.
„На сите ни е јасно дека има четири или пет фудбалери на таа позиција кои феноменално би се вклопиле во нашиот тим. Тоа се поединци кои го имаат неопходното за Барселона“ – вели Сетиен и дополнува:
„Што се однесува до Лаутаро, точно е – би ни бил добредојден“.
Посебмна приказна во Барселона, пак, е фудбалерот од средниот ред Артур кој е на мета на Јувентус. Артур неодамна изјави дека не сака да го напушти „Камп Ноу“, а клубот ќе мора да го избрка ако сака да се ослободи од него. Артур збесна откако Барселона се обиде да го замени за Миралем Пјаниќ од Јувентус.
„Ако навистина така кажал… Јас немам што да кажам за иднината на нашите фудбалери, фокусиран сум на она што ни доаѓа со продолжението на натпреварите. Мене ќе ми бидат неопходни сите играчи кои може да ги имам на располагање во вакви услови“ – вели Сетиен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА