Дефанзивецот на Јувентус, Даниел Ругани конечно прозборува за месецот на негова битка со коронавирусот. Ругани беше првиот фудбалер во Серија А кој беше тестиран позитивен на Ковид-19.
„Сега се чувствувам добро. Зад мене е волшебен месец со многу неизвесност, но важно е дека сега сум добар. Мислам дека имав среќа. Се почна со стравот кој го почувствував кога ја слушнав веста. Ми беше и страв дека сум ја заразил партнерката која е бремена. Веднаш бев упатен во самоизолација. Мора да се заблагодарам на лекарите кои беа навистина професионални“ – вели Ругани.
Сега е подготвен да се врати на терените…
„Ја гледам Бундеслигата. Многу е чудно да гледате празни стадиони и играчи на клупите кои почитуваат дистанца, но тоа е единственото исправно што може да се направи“ – вели Ругани и дополнува:
„Мојата цел е секогаш да дадам максимум за екипата. Кога повторно ќе почне фудбалот, натпреварите ќе бидат низ еден густ распоред и сите мора да бидеме подготвени да одговориме на барањата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА