Ралф Ренгник се очекува ова лето да го преземе тимот на Милан во својство на менаџер од англиски тип, кој ќе биде одговорен и за тренинг но и околу доведување фудбалери во тимот.
Па, Ренгник, кој доаѓа откако поради него Звонимир Бобан мораше да го напушти клубот, како помошник го носи поранешниот дефанзивец на Милан, Даниеле Бонера, како и легендарниот Ариеда Браида, кој со Силвио Берлускони и Адријано Галијани беше творец на големиот Милан.
По заминувањето на Берлускони од клубот, Браида од 2015 до 2019 година работеше како советник а сега се очекува да се врати во Милан на некоја од извршните улоги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА