Македонските репрезентативци Висар Мусли и Бобан Николов, по двемесечна пауза, се вратија на официјалните натпревари во дресот на унгарскиот Мол Види.
Мол Види ремизираше (1-1) во првиот полуфинален меч од Купот на Унгарија на гостувањето против Мезоковеш. Муслиу го одигра целиот натпревар за гостинската екипа додека Николов во игра влезе во 77. минута од средбата.
Мол Види имаше и предност од 0-1 со голот на Паткаи уште во 12. минута од натпреварот, но домашните израмнија во 80. минута.
Реваншот се игра во вторник, на 26. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА