Легендата на европскиот ракомет, Веселин Вујовиќ поради семејни причини минатата недела се повлече од клупата на хрватскиот шампион РК Загреб.
Не е тајна дека популарниот Вујо е омилен меѓу вардаровите навивачи од периодот кога ги водеше „црвено-црните“. Па, заминувањето од Загреб ги разбуди и шпекулациите на балканските простори за негово можно враќање на клупата на РК Вардар, посебно ако се знае неговата близина со старо-новиот сопственик Михајло Михајловски.
„Прво сакам да кажам дека заминувањето од Загреб воопшто не е некаков трик за да го преземам Вардар. Имам семејни работи кои во следните неколку месеци мора да ги завршам. Што се однесува околу шпекулациите за враќање во Вардар, тие гласини беа активирани уште веднаш откако беше објавено враќањето на Михајловски. Не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар, откако ќе ги решам моите приватни проблеми“ – вели Вујовиќ за црногорските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА