И тоа го има: Министерот за спорт на Романија по гаќи даваше изјава за продолжување на сезоната

За време на пандемијата на коронавирусот добар дел и од државните службеници ширум Европа се одлучија на работа од дома. Па, за функционерите неизбежни се и онлајн-јавувањата на ТВ во домашна атмосфера.

Но, романскиот министер за спорт, Јонут-Мариан Строе приреди вистински гаф јавувајќи се по гаќи во живо за став околу продолжувањето на спортот во земјата. Во еден момент на Строе неочекувана му падна компјутерот од поставеното место па камерата покажа дека, наспроти уредната кошула, тој изјавата ја дава само по гаќи. Вџашен остана и водителот во студиото, но министерот не се вознемири многу продолжува со својата изјава…

 

Се вчитува...