Баерн Минхен кова план за да го купи Џејдон Санчо

Германскиот првак Баерн Минхен води шампионска трка со Борусија Дортмунд по рестартот на Бундес-лигата, но и кова план како да го купи Џејдон Санчо од големиот ривал. По Левандовски, Хумелс, Геце, младиот англиски офанзивец треба да биде следниот фудбалер кој од Дортмунд би се преселил на „Алијанц арена“ во Минхен. Раководството на баварскиот клуб е подготвено да плати 120 милиони евра за реализација на овој трансфер, но прашање е дали Санчо ќе ја одбере токму оваа опција.

За англискиот вундеркинд се заинтересирани и неколку премиерлигаши. Тој е во плановите на Манчестер Јунајтед и на Челси, а во трката секако се и Јувентус и Пари Сен Жермен. Но, Баерн Минхен умее мајсторски да го прибере најдоброто од Бундес-лигата по завршувањето на секоја сезона. Карл – Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ веќе наголемо работат на трансферот.

 

 

Се вчитува...