Предвидените трки на „Силверстоун“ веројатно наместо во јули ќе се одржат во август за да се исполнат хаотичните критериуми околу карантинот за странци што го воведува британската влада. 2. и 9. август се термините за двете трки на оваа легендарна патека кои треба да се случат по отворањето на сезоната во Австрија каде што исто така за предвидени две трки на почетокот од јули. Можно е помеѓу да има и натпреварување во Унгарија, а потоа да има три седмици пауза за тимовите да се преселат во Британија.
„Направете да има Ф1“ – наредил премиерот, Борис Џонсон тврдат британските медиуми откако договорените трки на Силверстоун беа доведени во прашање поради обврската странците што ќе влезат во Велика Британија да бидат во 14-дневен карантин. Со преместувањето за август организаторите се надеваат дека целата ситација некако ќе се избалансира.
Ф1 прави огромни напори да почне и да одржи некаква сезона во 2020 со оглед дека секојдневно излегуваат податоци за огромните загуби на тимовите. Дел од нив објавија и дека ќе отпуштаат вработени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА