Премиерлигашите добиваат дозвола и да тренираат вистински фудбал – со физички контакти и дуели

Премиер – лигата е се поблиску до враќање на сцената и рестарт на првенството. Клубовите од елитната англиска фудбалска дивизија денеска добија дозвола да продолжат со тренинзи во кои ќе биде вклучен и физички контакт, односно дуели меѓу фудбалерите. Сите 20 клуба го дале гласот за да се мине во нова фаза од тренинзите. Ова е уште еден голем чекор кон враќањето на Премиер – лигата кое е предвидено за средината на јуни.

Веќе е подготвен и планот за одигрување на натпреварите, викендите ќе бидат максимнално исполнети со мечеви, дури по пет на ден, во сабота и во недела, секако и со телевизиски преноси. Во вторник и во среда исто така ќе има на програмата по два натпревари од Премиер – лигата.

Се вчитува...