Мандалиниќ: Еурофарм Пелистер понуди повеќе од Мешков Брест

Хрватскиот ракометар Стипе Мандалиниќ од Берлин се сели во Битола следната сезона. Го избрал Еурофарм Пелистер пред понудата на Мешков Брест. Одлучиле две работи, повисоката сума, но и тренерот Жељко Бабиќ кој го водеше во селекцијата на Хрватска.

„Имав понуда од Мешков Брест, а потоа се јави и Еурофарм Пелистер со уште подобра. Битола е поблиску до дома, а не е тајна дека големо влијание на одлуката имаше и тоа што тренер е Жељко Бабиќ. Би било одлично Еурофарм Пелистер да добие место во Лигата на шампионите, но и да не биде така, сепак, ќе играме во силната Лига на Европа. Ќе биде доста интересно и во СЕХА, но и во македонскиот шампионат. Таму е силниот Вардар, но и добриот Металург. Едвај чекам да ја почувствувам и атмосферата во Битола“, изјави Стипе Мандалиниќ за хрватскиот „Вечерњи Лист“.

Тој на почетокот на јуни ќе ја започне одисејата со Еурофарм Пелистер, а доаѓа од Фуксе Берлин, со искуство од Бундес-лигата.

Се вчитува...