РК Охрид ги продолжи договорите со капитенот Крсте Андоновски и миленикот на охридската публика, Иван Тасески кои и следната сезона ќе го носат дресот на охриѓани.
„Продолжуваме со мисијата за задржување на костурот од прекинатата сезона. Андоновски и Тасески повеќе од успешно го носеа дресот минатата сезона и воопшто немаше дилеми околу продолжување на соработката. Дуото е наш темел во екипата и соблекувалната и задоволни сме што ќе ги иаме уште една сезона“ – изјавија од клубот.
Охрид продолжувањето на договорите ги започна со тренерот Раде Стојановиќ, продолжија со тројцата интернационалци Филип Кривокапиќ, Денис Тот и Јагош Брауновиќ, како и со Никола Даниловски и Мартин Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА