Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги одигра првите официјални минути во дресот на Штутгарт по паузата поради пандемијата на коронавирусот.
Штутгарт во дербито на 28. коло од Втората Бундеслига славеше голема победа против Хамбургер од 3-2, и тоа со огромен пресврт откако претходно домашните имаа негатива од 0-2.
Чурлинов во игра влезе во 78. минута при резултат 2-2, а во 92. минута Кастро го постигна победничкиот гол за Штутгарт, со кој тимот на македонскиот напаѓач сега со 48 бода изби на втората позиција на табелата пред Хамбургер.
Првопласираните два тима обезбедуваат место во елитата за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА