Тимот на Работнички денеска ги мина задолжителните тестови за Covid-19, информира клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија и Аџибадем Систина, прволигашките клубови пред стартот на тренинзите се обврзани да извршат тестови на коронависурот. Мобилна медицинска екипа од Аџибадем Систина денеска е во посета на ФК Работнички и направени се тестови на сите играчи, стручниот штаб и клупската администрација. Недостигаат дел од странските фудбалери и шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ кои треба да се приклучат наредните денови, во согласност со протоколот и олабавување на мерките за влез на странски државјани.
По извршените тестови на Covid-19, фудбалерите под раководство на првиот асистент Баже Илијоски одработија и тренинг, секако почитувајќи го протоколот за задржување на дистанца и без групирање во поголеми групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА