Вардар официјално го загуби случајот „Максим Максимов“ и пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана. Најтрофејниот македонски клуб беше во судски спор со литванскиот тим Тракаи околу трансферот на поранешниот напаѓач Максимов, а судот во Лозана денеска официјално пресуди во корист на Литванците.
Тракаи тврдеше дека Вардар го добил Максимов на нелегален начин без исплата на соодветна оштета, па Арбитражниот суд мораше да посредува меѓу двете страни и одлучи во корист на литванскиот тим.
Претходно Вардар доби парична казна од ФИФА за нелегално реализиран трансфер и забрана за трансфери во два преодни рока.
Максимов летото 2017 година од страна на клупските структури се најавуваше како огромно засилување, но ниту најмалку не ги оправда очекувањата, а наспроти тоа аматеризмот на раководството на клубот само доведе до дополнителни казни за „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА