Националната пливачка федерација на Македонија упати повторно барање до владата за отворање на базените како би можеле македонските пливачи да добијат можност за тренирање и нормално одвивање на подготовките за наредните натпреварувања. Како што велат, во светот веќе има неколку студии кои покажуваат дека пливањето и спортовите во вода се едни од најбезбедните кога е во прашање заштитата од Covid-19. Федерацијата има подготвено и протокол според кој ќе функцинираат пливачите во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА