Ѓорѓи Кочов ќе продолжи да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје и во наредната сезона, откако младиот стратег ја доби довербата на раководството на „металците“. Директорот Грнчаров во вчерашната изјава за ЕКИПА најави дека клубот е блиску до договор со Кочов, последната средба вродила со плод и биле договорени сите детали од соработката.
Под водство на Кочов „сино-белите“ освоија една шампионска титула и беа лидери во домашното првенство сезонава, пред истата да биде прекината. Младиот стратег не успеа да го внесе МЗТ Скопје во елитното друштво од АБА-лигата иако двапати беше многу блиску до таков успех. Сепак, по последните најави дека македонскиот првак би можел да добие дополнителна покана за АБА1 поради огромната финаниска криза на Приморска, големи се шансите Кочов да го води МЗТ во елитното регионално натпреварување.
Се очекува по официјализацијата на новиот договор со тренерот, македонскиот првак да почне и со ангажман на нови кошаркари за формирање на ростерот за новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА