Претседателот на хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер даде интересна изјава пред враќањето на фудбалот во Хрватска, во која вели дека тој мораше да се врати во државата бидејќи фудбалерите не може да бидат сезонски работници на Јадранот.
„Фудбалерите се фудбалери. Не сакавме да го прекинеме превенството бидејќи што ќе прават тие? Ќе бидат сезонски работници на Јадранот? Тоа не го можат тие бидејќи знаат само да играат фудбал. Не сакавме тоа да го направиме. Ќе дојде ден кога ова ќе пројде и кога сите ќе се вратиме на стадионите“, изјави Шукер.
Фудбалот денеска и официјално се враќа во Хрватска со првиот полуфинален натпревар од купот меѓу Славен Белупо и Локомотив Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА