Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ во интервју за хрватските медиуми истакнува дека ЕХФ донела специфична одлука да ги испрати најдобрите четири екипи од групите на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, со што дел од клубовите останале оштетени. Меѓу нив и Вардар.
Хрватот, кој сега е член на Барселона, вели дека му е жал затоа што Вардар како европски шампион нема да има можност да ја брани титулата во Келн.
„Може да кажам дека ми е жал за Вардар и за Кијелце како мои поранешни клубови како и за моите некогашни соиграчи поради една таква одлука. Мислам дека ЕХФ по секоја цена сакаше да спаси барем нешто, па затоа донесе одлука за еден таков Ф4-турнир. Мислам дека Барселона има сила да стигне до титулата оваа година, без разлика на се“ – изјави Циндриќ.
Место на Ф4-турнирот кој ќе се игра во декември, покрај за Барселона, ќе има и за Веспрем, ПСЖ и Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА