Црвена Звезда со синоќешната победа над Рад си ја осигура новата шампионска титула, а прославата не можеше да мине без „честитка“ од вечниот ривал Партизан. „Црно-белите“ денеска го играат својот премиерен натпревар по коронавирусот, а на нивниот стадион се појави транспарент: Каде што „циганите“ не се први сезоните се поништуваат, додека лажните титули со навивачите се прославуваат.
Асоцијацијата е јасна, препукувањата меѓу двата кошаркарски клуба откако беше укината АБА-лигата во која Партизан беше првопласиран во моментот на прекинот.
Судијата не дозволуваше натпреварот меѓу Партизан и Младост да стартува додека не биде отстранет транспарентот, па поради тоа почетокот на овој меч доцнеше десет минути од најавениот термин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА