Баерн Минхен делува моќно во походот по нов трофеј во Бундес-лигата откако избраниците на тренерот Флик попладнево ја совладаа Фортуна Дизелдорф со 5-0, зголемувајќи ја предноста во однос на второпласираната Борусија Дортмунд на десет бода („милионерите“ имаат и меч помалку). Ова беше осми натпревар сезонава на кој Баерн постигнува најмалку пет погодоци, бројки со кој баварскиот гигант е најдоминантен клуб во Топ 5 лигите од фудбалска Европа.
Почетокот мина во знакот на францускиот дефанзивец Павар, по чиј удар гостинскиот дефанзивец Јоргенсен си постигна автогол, пред самиот Павар со прецизен шут со глава да зголеми на 2-0. Роберт Левандовски пред крајот на полувремето круниса една извонредна тимска акција за водство од 3-0, а полскиот ас беше прецизен и на стартот од второто полувреме, за водство од 4-0. Конечните 5-0 ги постави Дејвис.
Утре на програмата се дуелите Борусија М. – Унион Берлин и Падерборн – Борусија Дортмунд, а колото ќе биде заокружено со понеделничкиот натпревар меѓу Келн и Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА