Се е подготвено за продолжение на англиската Премиер-лига откако властите дадоа зелено светло за враќање на фудбалот на спортската сцена. Во прилог на олеснетите мерки и зеленото светло за почеток на колективни тренинзи одат и резултатите од најновите тестирања од Ковид-19, кои дадоа стопроцентно негативни резултати.
Имено, од 1.130 тестови извршени врз фудбалери и членови на стручен штаб на 20-те премиерлигаши покажаа дека ниту еден од нив не е позитивен на коронавирус, дополнително охрабрување за оние кои стравуваат за своето здравје за време на премиерлигашките натпревари.
Ова беше четврта рунда на тестирање, севкупно во четирите фази беа извршени 3.882 тестови, а позитивни беа вкупно 12 лица.
Премиер-лигата и официјално ќе продолжи на 17 јуни со одложениот натпревар меѓу Манчестер Сити и Арсенал, а со редовни кола ќе се стартува од 20 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА