Деновите на Марио Балотели во Бреша се избројани откако проблематичниот голгетер влезе во конфликт со претседателот Челино, кој ја спуштил на земја најголемата „ѕвезда“ во својата екипа.
Италијанските медиуми информираат како Челино го понижил Балотели организирајќи состанок на кој му ветил на Супер Марио разговори за нов договор и зголемување на платата. Проблемот е во тоа што голгетерот пристигнал во канцеларијата на првиот човек на клубот, таму чекал 30 минути, а Челино воопшто не се појавил. Не следело ниту извинување, само кратка информација дека претседателот нема да дојде, по што Балотели бесен си заминал од клупските простории.
Ова е јасен знак дека во Бреша не сметаат сериозно на овој напаѓач, кој во текот на летниот преоден рок сигурно ќе ги промени клупските бои. Најсериозен интерес за негов ангажман во изминатиот период искажа турскиот гигант Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА