Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов повторно доби шанса во второто полувреме која ја искористи на најдобар можен начин постигнувајќи го својот деби-гол во триумфот на Штутгарт на гостувањето кај Динамо Дрезден со 0-2. Чурлинов во 57. минута влезе на местото на Форстер, а во 88. минута, откако се најде на вистинското место, од непосредна близина стрелаше во голот на Динамо Дрезден. Претходно, во 18. минута Ал Гадиу беше стрелец на голот за водство од 0-1.
Со оваа победа тие остануваат на втората позиција на табелата во 2. Бундеслига со 51 бод, односно два повеќе од првиот ривал Хамбург, кој пред два дена во директен дуел го совладаа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА