Валенсија го критикува Гасперини: Неодговорно однесување, тој ставил многу луѓе во здравствен ризик

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, откри дека најверојатно бил заболен од коронавирус во периодот кога го водел тимот против Валенсија во Лигата на шампионите, отсликувајќи дел од симптомите на болеста, тешкотии при дишењето и губење на чувството за вкус. Од шпанскиот клуб реагираа на неговата изјава, критикувајќи го Гасперини дека свесно ставил во здравствен ризик голем број луѓе кои биле присутни на тој меч.

„По изјавата на тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, која се појави во италијанските медиуми, Валенсија мора јавно да изрази незадоволство од однесувањето на тренерот на противничкиот тим кој свесно ставил во здравствен ризик огромен број луѓе кои биле присутни на натпреварот на 10 март на „Месталја“. Самиот Гасперини истакна дека чувствувал тегоби и симптоми на коронавирусот еден ден пред самиот натпревар, но, сепак, одлучил да биде присутен и да го води тимот на Аталанта на натпреварот од Лигата на шампионите. Можно е и многу други луѓе да биле изложени на ризик за време на неговиот престој во Валенсија“, истакнуваат од шпанскиот клуб.

 

 

Се вчитува...