Конечно договор: Ќе се одржат двете Ф1 трки во Велика Британија

Формула 1 доби дефинитивна дозвола од бритaнската влада за одржување на двете трки на „Силверстоун“ во текот на летото. Според извори на „Би-Би-Си“, инволвираните во трките ќе бидат исклучени од правилото за обврзен двонеделен карантин за странците кои влегуваат на територија на Велика Британија. Ќе мора да приложат детален план за активнистите и движењето во текот на престојот во државата.

Очекувањата се дека владата ќе ја потврди оваа одлука во текот на овој месец, а според информациите, исклучок ќе бидат и фудбалерите и екипите кои се дел од Лигата на шампионите.

„Ги поздравуваме напорите на владата да обезбеди услови за елитниот спорт да може да функционира како и поддршката што ние директно ја добивме. Ќе продолжиме да преговараме и понатаму и се надеваме на рестарт на сезоната на почетокот на јули“ вели портпаролот на Ф1.

Спред моменталниот план, Формула 1 сезоната ќе почне со две трки во Австрија, потоа најверојатно ќе има едно натпреварување во Унгарија, а потоа ќе следуваат двете трки во Велика Британија.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...