Бобан Блажески останува верен на Охрид

Ракометниот клуб Охрид продолжува со тенденцијата на задржување на играчите. Клубот денеска објави дека е продолжена соработката со Бобан Блажески. Десното крило и РК Охрид се договориле на дополнителна едногодишна соработка. За Блажески ова ќе биде петта година во дресот на тимот од туристичкиот центар.

Претходно, Охрид ја продолжи соработката и со тренерот Раде Стојановиќ како и со капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески, Мартин Манасков и со Никола Даниловски. На останување во клубот се обврзаа и интернационалците, Филип Кривокапиќ, Денис Тот и Јагош Брауновиќ.

 

 

Се вчитува...