Финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот може да повлече втор бран намалувања на платите во фудбалскиот гигант Барселона. Познато каталонско радио на својата програма објави дека на состанок на 23. мај во тренинг центарот на клубот се појавиле преседателот Жосеп Бартомеу и директорот Оскар Грау и најавиле дека намалувањето треба да биде вкупно околу 10 милиони евра. Оваа сума би требало да биде поделена меѓу целиот персонал.
Дополнителен проблем би можела да биде и најавата за ревизија на постоечките договори на фудбалерите. Претседателот Бартомеу на прашање на еден од играчите на оваа тема, наводно одговорил дека разговори за платите за идната сезона ќе има во август.
Сепак, тешко дека играчите на Барселона ќе се согласат на ново намалување на платите. Пред околу два месеци, целиот тим прифати одреден процент намалување, но тоа беше во специфично тешки услови кога Шпанија бше во најголемата криза со коронавирусот и стотици луѓе умираа дневно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

