Носи лош имиџ: Адидас го откачи Месут Озил

На Месут Озил му се заканува опасност да остане без спонзор за копачки откако Адидас реши да не го продолжи вредниот договор со него. Ѕвездата на Арсенал со оваа компанија потпиша договор во 2013 годиа беше играч на Реал Мадрид. Седумгодишниот договор беше вреден околу 25 милиони евра.

Германската компанија за спортска опрема наводно нема да ја продолжи споработката со 31-годишниот Германец бидејќи драстично му е нарушен имиџот по серијата спорни потези и одлуки особено оние со политичка конотација, како фотографирањето со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој потоа му беше и кум на венчавката.

Озил беше во фокусот на јавност и поради критиките кон Кина за третманот на Угур муслиманите во провинцијата Ксинјианг. Озил направи и изненадувачки потег кога се повлече од германската репрезентација тврдејќи дека тој бил „жртвеното јагне“ за неуспехот на селекцијата на Светското првенство во Русија во 2018 година.

 

 

 

 

Се вчитува...