УЕФА го исфрли Трабзонспор од европските купови

Турскиот клуб Трабзонспор е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради непочитување на правилата за финансискиот фер-плеј, објави УЕФА. Европската куќа на фудбалот информираше дека Трабзон нема да може да игра во Европа, доколку се квалификува, во сезоната 2020/21 или 2021/22.

Тимот во моментот се наоѓа на лидерската позиција во турската Суперлига, која е пред продолжение по пандемијата со коронавирусот.

Финансискиот фер-плеј на УЕФА е воведен во 2011 година и ги регулира клубовите да трошат повеќе финансии отколку што заработуваат во една година.

Се вчитува...