Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста е осуден на шестмесечна казна затвор поради даночно затајување. Меѓутоа, согласно шпанските закони, нема да оди зад решетки затоа што се согласил да плати парична казна.
Тој беше обвинет за кривично дело – затајување данок во 2014 година при трансферот од Атлетико Мадрид во Челси. Со помош на трето лице затаил данок кон државата во висина од 1,3 милиони евра.
Сега, согласно судската одлука ќе треба да плати 36.000 евра, што и можеше да се очекува ако се знае дека претходно слично минаа и голем број други фудбалски ѕвезди кои затаиле милионски даноци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

