Гувернерот на Токио, Јурико Коике изјави дека можеби ќе биде потребно организирање на „поедноставни“ Олимписки игри следната година поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот. Организаторот веќе разговара за воведување на евентуални промени.
„Одржување на олимписките и параолимписките игри бара сочувство и разбирање од сите учесници за жителите на Токио и за целиот јапонски народ. Поради тоа мораме да бидеме рационални и едноставно да пробаме да поедноставниме се што може да се поедноставни“, изјави Коике.
Џон Коутс кој е шеф на инспекциијата на Меѓународниот олимписки одбор (МОО) за Токио, вели дека организаторите имаат план за различни игри доколку Covid-19 до следната година не биде искоренет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА