Партнерството со Бруно Фернандеш би можело да биде клучниот аргумент за останување на Пол Погба веруваат во Манчестер Јунсјтед. Овиде две ѕвезди уште немале прилика да играат заедно со оглед дека Фернандеш пристигна во јануари, Погба беше повреден, а потоа дојде прекинот поради коронавирусот.
Французинот е сега пополно опоравен и се очекува да биде во тимот на Оле Гунар Солскјер во ре-стартот на сезоната во Премиер-лигата закажан за 17.јуни. Фернандеш имаше големо влијание во играта на Јунајтед веднаш по доаѓањето во јануари од Спортинг.
Актуелниот договор на Погба е до крајот од следната сезона, а клубот има можност да ја активира и клаузулата за продолжување на уште 12 месеци. Ако Јунајтед се реши на вакво чекор ќе го спречи Погба да потпише преддоговор со клуб од друга земја во јануарскиот преоден рок. Останувањето на Погба на „Олд Трафорд“ е доведено во прашање уште веќе подолг период, а интерес за него има од Јувентус и од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

