Миленикот на вардаровите навивачи Дејан Милосављев кој беше дел од втората шампионска генерација на Вардар му се заблагодари на Дејан Периќ кој беше главен виновник за неговото доаѓање во Скопје. Поранешниот селектор на Србија во 2015 година му даде шанса на 19-годишниот Милосављев во дресот на репрезентацијата на Србија, а потоа беше клучот во неговиот трансфер во „Јане Сандански“ една од главните причини за втората титула на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите.
По карантинот тие се сретнаа во Србија каде прославија една година од сензационалниот триумф на Ф4 во Келн, на која Милосавлјев му подари фотографија на својот ментор на која напиша „За мојот ментор, тренер и животен учител“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

