Каталонскиот гигант Барселона тргна во офанзива по Лаутаро Мартинез. Тренерот Кике Сетиен сака да го види аргентинскиот напаѓач на „Камп Ноу“ од следната сезона, а убави зборови за него секогаш доаѓаат и од најголемата ѕвезда Лионел Меси. Раководството на клубот испрати и официјална понуда до Интер за ангажман на голгетерот чија отштетна клаузула е 111 милиони евра.
Барселона е подготвена да плати 70 милиони евра и на „Џузепе Меаца“ да го испрати левиот бек Жуниор Фирпо. Тој оваа сезона одигра 12 натпревари за Барса и постигна еден гол, а може да игра и на стоперските позиции. Тренерот на Интер, Антонио Конте, многу повеќе посакува да добие фудбалер од средниот ред, во опција беа Артуро Видал и Иван Ракитиќ, но засега во пакетот на Барселона е понуден само Жуниор Фирпо. Преговорите ќе продолжат интензивно и во наредниот период затоа што Барселона е решена да го купи одличниот напаѓач на „нероаѕурите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

