Шпанскиот гигант Реал Мадрид понудил 80 милиони евра за Каи Хаверц пред почетокот на пандемијата на коронавирусот. Сепак, тоа е мала сума за Баер Леверкузен. Бундеслигашот возвратил дека очекува понуда од 100 милиони евра за да размисли за продажба на најдобриот фудбалер.
„Кралевите“ имаат и втора опција, начелно сега да ги обезбедат правата за талентираниот германски фудбалер за врска, а неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ да биде реализиран следното лето, во 2021 година.
Сепак, Реал Мадрид не е единствениот заинтересиран гигант за Каи Хаверц. Во редот се и Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

