Јувентус во офанзива по Хусем Ауар

Италијанскиот првак Јувентус ја бара најдобрата можна замена за Миралем Пјаниќ кој многу веројатно ќе замине од Торино по завршувањето на сезоната. Тој се поврзува со трансфер во Барселона, а тренерот Маурицио Сари како негов наследник го пикира Хусем Ауар, одличниот играч за врска на Лион. Францускиот клуб е во голема финансиска криза, не успеа да обезбеди пласман во Европа за следната сезона откако францускиот шампионат и дефинитивно е прекинат, па спасот ќе мора да го побара во продажба на најдобрите фудбалери.

Генералниот менаџер на Јувентус, Фабио Паратичи, ќе се обиде да стигне до потписот на Хусем Ауар за сума од 50 милиони евра. Пред пандемијата на коронавирусот неговата цена беше за околу 20 милиони евра повисока, но трансфер-маркетот секако ќе го почувствува недостигот на свеж капитал во фудбалот ова лето. Најголем ривал на Јувентус за ангажманот на Ауар е Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег сака да го доведе играчот за врска во Манчестер Сити.

Се вчитува...