Трагични вести доаѓаат од Унгарија. Борачот Тот Бендегуш почина на 22 – годишна возраст на тренинг. Причината за смртта не е позната, а тој пред два месеци успеа да победи вирусот Covid-19 и донираше крвна плазма потребна за лекување на други заболени од овој опасен вирус.
Тот Бендегуш паднал во бессознание на тренинг, уследила брза реакција на лекарската служба, но не успеале да го спасат неговиот живот. Тој е освојувач на медали на европски и на светски првенства во младинските категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА