Фудбалерите на Баерн Минхен се приклучија на кампањата за поддршка на борбата против расизмот и расната дискриминација. На загревањето пред натпреварот со Баер Леверкузен, фудбалерите носеа маички со написи „Црвен картон за расизмот“.
Ова е уште еден силен гест во серијата протести против расизмот кој го искажува спортскиот свет како начин на поддршка за протестите во САД предизвикани од убиството на Џорџ Флојд кој го загуби животот од полицаец на улица во Минеаполис.
Џером Боатенг претходно ги повика колегите со бела боја на кожата да бидат поотворени во солидарноста и во отфрлањето на расистичкото однесување. Во текот на минатата недела неколу играчи од Бундес-лигата индивидуално ја искажаа поддршката, а ова е прв случај клуб да застане на страна на кампањата „BlackLiveMatters”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

