Англискиот премиерлигаш Арсенал ги договорил условите за трансфер на „Емирати“ на фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид, Томас Парти. Неговото име подолг период се споменуваше како голема желба на менаџерот Микел Артета кој успеал да го убеди да се пресели во северен Лондон од стартот на новата сезона. Сега останува Арсенал да ја договори отштетата со мадридскиот клуб.
Според клаузулата во договорот, Томас Парти би можел да го напушти Атлетико Мадрид доколку заинтересираниот клуб уплати 50 милиони евра на сметката на Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб ќе инсистира на таков развој на настаните, но Артета е упорен да го доведе играчот од средниот ред во Лондон и подготвен е да ја плати бараната отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

