Изненадувачка вест: Конор Мекгрегор се повлекува (ФОТО)

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор се повлекува од борењето. Ирецот оваа вест ја објави доцна синоќа на социјалните мрежи. Нема многу објаснување околу првичните.

„Решив да се повлечам од борењето. Во благодарам за неверојатните моменти. Ова беше неверојатно возење. Ова е фотографија со мајка ми по освјоувањето на една од светските титули во Лас Вегас. Избери дом од твоите соништа Мегс. Се што посакуваш ќе биде твое“ – напиша Мекгрегор во кратката порака.

Конор Мекгрегор е поранешен светски шампион во две категории, деновиве со очигледната промена во изгледот и тежината дури и се пишуваше дека би можел да се обиде да освои титула во трета категорија.

 

 

Се вчитува...