Јирген Клоп порача дека тој и неговите фудбалери ќе ја прослават титулата шампион на Англија под било какви услови, и тоа со своите навивачи со кои ја планираат и традиционалната парада со отворен автобус низ градот.
Но, за да може да се зборува за трофејот, најпрво треба да се освои шампионатот. Премиер-лигата продолжува на 17. јуни, а Ливерпул на 21. јуни гостува на Евертон во мечот од 30. коло.
„Не е убаво што не можеме да прославиме на начин на кој сонувавме. Мојата желба не е да се прослави титулата само на стадион и потоа да си одиме дома. Но, зошто сега да правиме проблем околу тоа кога не можеме ништо да промениме“ – вели Клоп, и дополнува:
„Тој ден секако ќе дојде и ние ќе имаме право да го прославиме трофејот. Дали ќе биде тоа во 12. или 13. коло од следната сезона не е важно. Сакаме да прославиме, и кој ќе не запре во тоа? Тогаш и натаму ќе го имаме трофејот и ќе можеме да се возиме низ градот со нашите навивачи. Ако некој мисли дека тоа е лудо, не ме интересира“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

